АНИМИРАН ФИЛМ

АНИМИРАН ФИЛМ – сите видови цртани, куклени и филмови со анимирани предмети, најчесто без живи актери и без природен амбиент. Го одликува фантастичност со хумористична или сатирична означеност, со музичка придружба. Најпопуларен е цртаниот филм. Денес анимацијата најчесто се прави компјутерски. Прв извел снимање слика по слика (24 кадри во секунда) Џејмс Блектон (1906). Најуспешен ав-тор на анимираниот филм е Волт Дизни. Во Македонија, анимираниот филм бил во подем во 70-тите и 80-тите години (Д. Марковиќ, П. Глигоровски и Б. Пејчинов). Ал. Цв.