АНДРЕЕВСКИ, Цане

АНДРЕЕВСКИ, Цане (Кратово, 10. Ⅶ 1930) – поет, раскажувач, писател за деца. Завршил Филозофски факултет во Скопје. Работел како новинар и уредник во Радио Скопје. Член на ДПМ од 1957 год. Неговата поезија се одликува со исповедност и лирска рефлексивност. БИБ.: Сончева порака, поезија за деца, Ск., 1951; Јаготки, раскази за деца, Ск., 1955; Добрина, поезија, Ск., 1956; што има ново поезија за деца, Ск., 1959; Свечености, поезија, Ск., 1964; Сребрен поток, поезија, Ск., 1969; Врски, поезија, Ск., 1982; Разговори со Конески, Ск., 1991; Белата мечка, синиот кит и другите, поезија и проза за деца, Ск., 1998; Дождот, поезија, Ск., 2007. ЛИТ.: Петар Т. Бошковски: Поет на добрината, во кн. Есеи и критики, Матица, 1997. П. Гил. Црквата „Св. Андреја”, Матка кај Скопје

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *