АНДРЕЕВСКА, Јана

АНДРЕЕВСКА, Јана (Скопје, 27. Ⅳ 1967) – композитор. Студиите по композиција (1990) и постдипломските (1999) ги завршува на Факултетот за музичка уметност во Скопје, во класата на проф. Т. Зографски. Добитник е на Специјалната награда на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” за најдобар студент (1989-1990). Подоцна посетува три композиторски работилници во Охрид (19992001). Доцент на ФМУ. Автор е претежно на оркестарски, камерни и дела за пијано, кои се изведувани во Европа. Б. Орт. Александар Андреевски

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *