АНДОНОВ-РЕГАН, Јован

АНДОНОВ-РЕГАН, Јован (Пехчево, 15. Ⅷ 1940) – електроинженер, стопанственик и политичар. Дипломирал на Електротехничкиот факултет (слаба струја) во Загреб (1963). Како стопанственик, бил управник на Погон за мерно регулациона техника и телекомуникација, главен инженер и помошник директор на ООЗТ за слаба струја во Рудници и железарница „Скопје” (1964-1973), в.д. и технички директор на РО „Хемтекс” во Скопје (1975-1980), заменик генерален директор на Рудници и железарница „Скопје” (1980-1983), член на Работоводниот одбор на ФЕНИ во Кавадарци (1983-1985), советник на генералниот директор во СОЗТ „ОХИС” во Скопје, привремен управник на РО за производство на безалкални и стаклени влакна ГЕС” во Гостивар (1985-1986), помошник генерален директор за технички прашања и развој на СОЗТ „ОХИС” во Скопје (1986-1990), претседател на Привремениот одбор на РЕК Битола (1989) и заменик генерален директор на Претпријатието „ОХИС Наум Наумовски-Борче” во Скопје (1990-1991). Бил потпретседател на Владата на РМ (20. Ⅲ 1991 – 4 IX 1992) и имал свој патентиран пронајдок во југословенскиот Сојузен патентен завод од областа на електрониката и телекомуникациите. Се занимавал со приватен бизнис преку својата фирма „Сибра”. С. Мл. Македонка Андонова

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *