АНДОНОВСКИ, Верољуб

АНДОНОВСКИ, Верољуб (Куманово, 22. Ⅰ 1938 – Скопје, 16. Ⅹ 1998) – новинар и публицист. Основно образование и гимназија завршил во родниот град, а дипломирал на Филозофскиот факултет во Скопје (на Групата југословенска книжевност). Уште како студент се вработил како новинар во в. „Нова Македонија“ (1960), каде што го минал сиот работен век од соработник до коментатор и уредник од областа на образованието, науката и културата. Посебно се посветил на пишување фељтони за македонското минато (1970-1994). Автор е на повеќе публицистички книги за НИП „Нова Македонија“ и на избори од неговите фељтони. БИБ.: Предавства и политички убиства. Историски фељтони. Куманово, 1983; ВМРО – подем и раскол, Скопје, 1992; Сеништата на минатото – Ванчо Михајлов, Скопје, 1990; Сто години сегашност. Скопје, 2003; Во чекор со државноста. Прилог за монографија „Нова Македонија“ 1944-1984, Скопје, 1984; Печат на времето – печатот на „Нова Македонија”, Скопје, 1994. С. Мл.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *