АНДОВ, Стојан

АНДОВ, Стојан (Кавадарци, 30. XI 1935) – економист, политичар, публицист и романсиер, прв претседател на плуралистичкото Собрание на Република Македонија. Основно образование и гимназија завршил во родниот град, а дип-Стојан Андов ломирал на Економскиот факултет во Скопје и магистрирал на Факултетот за политички науки во Белград (1972). Бил секретар на Средношколскиот и на Општинскиот комитет на Народната младина, професор во Гимназијата со економски паралелки „Ј. Б. Тито” (1959-1963) и во Работничкиот универзитет „Моша Пи-јаде” во Кавадарци. Работел во Земјоделскиот комбинат „Тиквеш” во Кавадарци (1963-1964), каде што бил секретар на Основната организација на СКМ и директор на Аналитичко-планскиот сектор. Потоа заминал на работа како професор во Политичката школа на ЦК на СКМ во Скопје (1964-1965) и советник во Извршниот совет на Собранието на СРМ (1965-1967). Бил претседател на Собранието на Општината Кавадарци (1967-1970), а потоа претседател на Републичкиот центар за идеолошко-политичко образование и студии во Скопје (1970-1971) и член на Секретаријатот на ЦК на СКМ. Бил избиран и на разни републички и сојузни општествено-политички функции. На Петтиот конгрес на СКМ бил избран за член на постојаниот дел на Конференцијата на СКМ, претседател на Комисијата на ЦК на СКМ за општествено-економски односи и економска политика, член Седница на Собранието на РМ под претседателство на Стојан Андов на Претседателството на Постојаната конференција на градовите на Југославија, член на Управниот одбор на Здружението на економистите на Македонија и член на Економскиот совет на Собранието на СРМ. Подоцна во три мандати бил член на Сојузниот извршен совет во Белград (1971-1982), претседател на Сојузната комисија за економска соработка со земјите во развој, претседател на Меѓурепубличкиот комитет за девизен и надворешно-трговски систем, претседател на дел од Југословенскиот мешовит комитет за соработка со Египет, Либија, Тунис, Турција и Франција (1971-1982), претседател на Комисијата за координација на соработката со Европската економска заедница и земјите на ЕФТА (1978-1982), потпретседател на Извршниот совет на Собранието на СРМ (1982-1986), пратеник во Општествено-политичкиот собор на Собранието на СРМ, претседател на Одборот за прашања од областа на општествено-економското уредување, стопанската политика, народната одбрана, општествената самозаштита, безбедноста и односите со странство на Извршниот совет на Собранието на СРМ и член на Делегацијата на Собранието на СРМ во Соборот на републиките и покраините на Собранието на СФРЈ (1986-1987), претседател на Одборот за општествен план и развој, како и вонреден и ополномоштен амбасадор на СФРЈ во Ирак (1987 – јануари 1991). Претседателот на Сојузот на реформските сили на Југославија го назначи за главен координатор во формирањето на Сојузот на реформските сили на Македонија (15. Ⅷ 1990), по што стана основач и лидер на политичката партија Реформски сили – Либерална партија (Скопје, 5. IX 1990), регистрирана како Либерална партија на Македонија (16. Ⅹ 1990), останувајќи нејзин претседател до спојувањето со Демократската партија (ДП, 19. Ⅳ 1997), кога е избран за претседател на Советот на новоформираната Либерално-демократска партија (ЛДП, регистрирана на 12. Ⅵ 1997). На првите повеќепартиски избори (1990) е избран за пратеник, а подоцна и на сите наредни избори во РМ. Во три мандати бил претседател на Собранието на РМ (8. Ⅰ 1991 – 19. XI 1994; 19. XI 1994 – 6. Ⅲ 1996 – до раскинот на коалицијата Сојуз за Македонија; 30. XI 2000 – 3. Ⅹ 2002). По атентатот на претседателот на РМ К. Глигоров (3. Ⅹ 1995), врз основа на чл. 82, став 3 од Уставот на РМ, извесен период ја врши и функцијата Претседател на Република Македонија (5. Ⅹ 1995-10. Ⅰ 1996). Исто така, по изборот за пратеник во 1998 г. бил претседател на Комисијата за монетарна, кредитна и банкарска политика. На изборите од 31. Ⅹ 1999 г. бил кандидат на ЛДП за претседател на Република Македонија, но не се квалификувал за вториот изборен круг. По обновувањето на Либералната партија (1999), бил избран за член на нејзиниот Извршен комитет. Повторно бил избран за претседател на Седмиот (Вонреден) конгрес на ЛП (јуни 2001) и потоа пак реизбран на Осмиот Конгрес на ЛП (јули 2004). Освен тоа, како пратеник, бил и претседател на Постојаната анкетна комисија за човековите права и слободи на граѓаните (2002-2006) и претседател на собраниската Комисија за уставни прашања (од 2006). Познат е како политичар од времето на СФРЈ ориентиран кон пазарната економија, искусен и успешен политички преговарач во современиот домашен политички амбиент, но и како политичар со меѓународна репутација во преговорите со странските експерти од областа на економските односи, политичкиот систем и човековите права. Се занимава и со теоретски прашања од областа на економијата, со публицистика и со книжевност. Автор е на повеќе книги од областа на економскиот и политичкиот систем, како и од областа на книжевноста. БИБ.: Располагање и управљање друштвеним капиталом, Београд, 1985 (второ издание 1987); На мој начин, Скопје, 2003 (сеќавања); Од мој агол, Скопје, 2004 (колумни од весници 1997–2004); Стравот и љубовта, Скопје, 2005 (роман, второ издание 2006). С. Мл.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *