АНГЕЛЦИ

АНГЕЛЦИ . современа селска населба, 7 км југозападно од Струмица. Во археолошката литература е позната по неолитската населба Страната, откриена со ископувањата во 1985 г. Во културниот слој од 1,80 м биле откриени архитектонски и други остатоци од двослојна населба од времето на доцниот неолит. Карактерот на наодите ја поврзуваат со населбите во долината на р. Брегалница и Скопската котлина (в. Зелениково Ⅱ-Ангелци културна група). В. С.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *