АНГЕЛОВ, Александар

АНГЕЛОВ, Александар (Крива Паланка, 25. Ⅹ 1931 – Скопје, 23. Ⅹ 2000) – дипл. град. инж., ред. проф. на Градежниот факултет во Скопје (1978–1996) по предмети од областа на техничката механика, јакоста на материјалите и теоријата на конструкциите. Завршил Градежен факултет во Скопје, каде што ја одбранил и докторската дисертација (1973). Специјализирал во Москва и Тбилиси (1965–1966). Објавил повеќе трудови од областа на површинските носачи и динамиката на конструкциите, меѓу кои и книгата „Теорија на површински носачи” (1987). Интензивно работел на стручен план како проектант и консултант при реализацијата на индустриски објекти, мостови и бетонски брани. Бил декан на Градежниот факултет (1985– 1987). Љ. Т. Димитар Ангелов-Габерот