АНАСТАСИЈ Ⅰ

АНАСТАСИЈ Ⅰ . (ок. 430 – 518) – византиски император (491–518). Бил добар администратор и реформатор. Извршил реформи во монетарниот и во даночниот систем. Ги фаворизирал трговците и занаетчиите. Ги задушил побуните во Цариград (512) и во Тракија (513). За одбрана на Цари-град од нападите на варварските племиња, го подигнал т.н. Долг ѕид (512), кој се протегал од Мраморното до Црното Море. ЛИТ.: Ц. Цапиззи, Л’императоре Анастасио Ⅰ (491–518), Роме, 1960. К. Аџ.