АМФИПОЛ

АМФИПОЛ – значаен антички град во областа Бисалтија, на утоката на р. Стримон. Сместен е во плодородна рамнина и со значајна стратегиска позиција. Основан е како атинска колонија, која Филип Ⅱ ја освојува во 357 г. пр.н.е. Градот станува еден од најзначајните македонски пристаништа на Егејското Море, центар за експлоатација на пангејските рудници (за злато и сребро) и центар за трговија со Тракија. Под римска власт (од 148 г. пр.н.е.) е главен град на Првата македонска об-ласт, а по примањето на христијанството е епископско седиште. Забележан во римските итинерарии и во Табула Пеутенгериана како раскрсница на Виа Егнатиа. Останува значаен град до крајот на антиката. Градот е познат како еден од првите епископски седишта, кого уште во Ⅰ в. од н.е. со христијанската мисија го посетува апостол Павле. ЛИТ.: Демостхенес Ⅱ, Харвард Университѕ Пресс, 1963; Диодорус Сицулис, 12 Волс., Харвард Университѕ Пресс, 1963; Страбо: Геограпхѕ, 8 Волс., Харвард Университѕ Пресс, 1960; Ф. Папазоглу, Македонски градови у римско доба, Скопје, 1957. А. шук.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *