АМФАКСИТИДА

АМФАКСИТИДА – старомакедонска област што го зафаќала тесниот појас долж двете страни на долниот тек на реката Вардар, од Демиркаписката Клисура до Егејското Море. Во времето на Филип Ⅴ (Ⅱ в. пр. н.е.), Амфакситида е една од петте области кои во Тесалоника коват сребрени и бакарни монети. Според Хомер, во времето на Тројанската војна оваа област била централна пајонска територија од каде што (од градот Амидон) Пајонците тргнале во одбрана на Троја. Во железното време, особено во Ⅶ и Ⅵ в. пр.н.е., во оваа област била создадена исклучително силна локална културна група со центар во Валандовско-гевгелискиот регион, позната како Долновардарска или Гевгелиска група. Од тоа време датираат некрополите во: Де-дели – Валандово, Зелениште – Валандово, Лисичин Дол – Марвинци, Бишов Јавор – Смоквица, Сува Река – Гевгелија, Милци – Гевгелија, како и некои некрополи на денешната грчка страна (Чаушица, Бохемица и др.). Според Херодот, во Ⅵ в. пр.н.е. оваа област сћ уште била позната како пајонска земја. Веќе воⅤв. пр.н.е. Тукидид ја спомнува Амфакситида како македонска област со че-Од ископувањата на Јужната тераса, Вардарски Рид тирите града (Идомене, Гортинија, Еуроп и Аталанте), кои се нашле на патот на походот на тракискиот војсководец Ситалк во Македонија, (429 г. пр.н.е). Бројните археолошки остатоци од градски населби од предримско време на Исар – Марвинци, Вардарски Рид – Гевгелија и во околината на Кукуш упатуваат на можноста за нивно идентификување со старите македонски градови Идомене, Гортинија и Еуроп. ЛИТ.: Тхуцѕдидес, 4 волс., Харвард Унивесситѕ Пресс, 1958; Ф. Папазоглу, Македонски градови у римско доба, Скопје, 1957; В. Соколовска, Исар Марвинци и Повардарјето во античко време, Скопје, 1986; И. Микулчиќ, Антички градови во Македонија, Скопје, 2003; група автори, Вардарски рид, Скопје, 2005. Др. М. и А. шук.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *