АМИНТА Ⅲ

АМИНТА Ⅲ (393/2 – 370/69 пр.н.е.) – македонски крал од династијата на Аргеадите. Оженет со Евридика (ќерката на владетелот на Линкестида, Арабај); имаат три деца, идните македонски кралеви: Александар Ⅱ, Пердика Ⅲ и Филип Ⅱ. Откако ја обезбедува внатрешната стабилност на Македонија, Аминта во сојуз со Спарта го освојува Олинт (претходно Олинт ја напаѓа Македонија и ја освојува Пела), воспоставува добри политички и трговски врски со градовите на Халкидик, кои увезуваат дрвен материјал и смола од Македонија. Воспоставува добри односи со Атина и др. Аминта Ⅲ, монети хеленски полиси; зема учество на општиот собир свикан во Спарта (371), каде што го признава правото на Атина да владее со Амфипол. Ја проширува врховната власт и над горномакедонските племиња, во Елимеја, сев. дел на областа Перебија; има намера да ја прошири државата кон Тесалија, но тука му се противставува тиранинот од Фере, Јасон, со кој е принуден да склучи сојуз. Кове монети со кои ги развива трговските врски во Македонија. ЛИТ.: Диодорус Сицулис, 12 Волс., Харвард Университѕ Пресс, 1963; И. Кацаров, Цар Филип Ⅱ Македонски, Софи®, 1922. А. шук.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *