АМИНТА Ⅰ

АМИНТА Ⅰ (540–498 пр.н.е.) – македонски крал од династијата на Аргеадите, син на Алкета. Во почетокот владее со Пиерија и Ботиаја, ги освојува областа покрај делтата на Аксиос и Западна Мигдонија (областа Анатемунт) до северната граница на државата, пл. Дисорос. Има добри политички и трговски врски со Пизистратите од Атина. По походот на Дариј против Скитија, Македонија е принудена да ја признае персиската власт; персискиот војсководец Мегабаз испраќа седум персиски пратеници да побараат „земја и вода” за Дариј (сп. Херодот); на гозбата синот на Аминта, Александар, ги убива Персијците затоа што побарале и жени, што било спротивно на македонските обичаи. ЛИТ.: Херодотус: И–ИВ, 4 Волс., Лоеб Цлассицал Либрарѕ, Харвард Университѕ Пресс, 1961; Херо-дот, Историја. Прев. Д. Чадикова, Скопје, 1998. А. шук.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *