АЛЧЕВ, Стојан

АЛЧЕВ, Стојан (Велес, 12. Ⅲ 1903 – Титов Велес, 26. Ⅳ 1969) – музички педагог и композитор. Студиите по пијано и композиција ги завршува во Музичкото училиште „Станковиќ” во Белград. Наставник по музика е во школата за слепи деца во Земун; иницијатор и основач на Музичкото училиште во Титов Велес и негов директор (1945-1954 и 1963-1968). Во меѓувреме, предава во Средното музичко училиште во Скопје (1954 –1963). Автор е на музика за деца и за гудачки инструменти. Др. О. Лорандитова руда од рудникот Алшар АЛшАР – рудник на Сб, Тл, Ас руда. Нискотемпературното хидротермално Сб-Ас-Тл-Ау наоѓалиште Алшар е лоцирано во металогенетскиот реон Кожуф. Го карактеризира сложена минерална парагенеза и релативно високо учество на талиумови минерали (лорандит, бернардит, парапиеротит, ребулит, пикопаулит, раге-нит, симонит, врбаит и др.). Наоѓалиштето просторно и генетски е врзано за комплексите на плиоценска калко-алкална магма втисната во тријаски и кредни карбонатни карпи (доломити и варовници). Најзначајниот дел од рудната минерализација е создадена во температурен интервал од 100–2500 Ц. ЛИТ.: С. Јанковиќ, Б. Боев и Т. Серафимовски, Магматизам и Терциерна минерализација во Кожуфската металогенетска област во Македонија со посебен осврт на наоѓалиштето Алшар, Посебно издание бр. 5, РГФ, Штип, 1997. Т. Сер.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *