АЛЧЕВ, Петре

АЛЧЕВ, Петре (с. Раштани, Велешко, 1880 – Велес, 21. XI 1956) – столар, социјалдемократски и комунистички деец. Бил член на работничкото друштво „Класово единство” и еден од основачите на Велешката социјалдемократска организација. Како носител на комунистичката листа на општинските избори (22. Ⅷ 1920), станал претседател на „Црвената” општинска управа во Велес. Бил еден од иницијаторите за покренувањето и соработник на в. „Социјалистичка зора” во Скопје. Поради закани и болест, поднел оставка на претседателската функција и политички се пасивизирал. (На неговото место бил избран Јовче Џипунов). Активно ја помагал НОБ (1941-1944). С. Мл.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *