АЛМОПИЈА

АЛМОПИЈА – област во т.н. Долна Македонија, која ја опфаќа малата долина по горниот тек на р. Лудија (ден. Могленица), меѓу областите Еордаја и Пелагонија. Македонците ја освојуваат (сп. Тукидид) спуштајќи се од Горна Македонија во Ботиаја и Пиерија. Би-ла густо населена уште во антиката. Птолемај споменува три града: Алмопа, Хорма и Апсал. Областа е позната како Могленска Долина, опколена со пл. Ниџе и Пајак. ЛИТ.: Тхуцѕдидес, 4 волс., Харвард Унивесситѕ Пресс, 1958; Ф. Папазоглу, Македонски градови у римско доба, Скопје, 1957. А. шук.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *