АЛЕКСОВА, Блага

АЛЕКСОВА, Блага (Тетово, 24. Ⅰ 1922 – Скопје, 12. Ⅶ 2007) – археолог, академик. Гимназија завршила во Скопје, а дипломирала на Групата за историја на уметноста на Филозофскиот факултет во Скопје (1950). Докторирала на тема од областа на средновековната археологија на Универзитетот во Љубљана (1958). Работела како кустос во Градскиот музеј на Скопје (1948 – 1950) и во Археолошкиот музеј на Македонија (1950 – 1975), каде што го раководела Одделението за средновековна археологија. Од 1962 до 1975 г. била директор на оваа национална институција. Специјализирала во Центарот за византиски студии на Харвардскиот универзитет во Вашингтон (1971 и 1983). Од 1975 г., па сћ до пензионирањето (1983) работела во Институтот за историја на уметноста со археологија како професор по средновековна и ранохристијанска археологија. Се занимавала со проучување на средновековните некрополи, накитот и керамичката продукција, како доказ за обичаите, верувањата и културата на Словените. Го открила и го протолкувала продорот на раното христијанство во Македонија, преку ископувањата на повеќе ранохристијански центри. Нејзините истражувања биле насочени кон докажување на културолошкиот континуитет меѓу раното христијанство и средновековјето во Македонија. Ја открила најстарата христијанска црква во Македонија (Старата епископска базилика во Стоби). Вршела ископувања на локалитетите: Демир Капија, Баргала, Крупиште, Струмица, Полог, Охрид, Преспа, Дојран, Оризари, Радолишта и Стоби. Кораководела со меѓународните истражувачки проекти (југословенско-американски) во Баргала и во Стоби. Учествувала на голем број научни собири во Македонија, САД, Австрија, Англија, Русија, Романија, Турција, Бугарија, Италија, Хрватска, Србија, Грција и во Албанија. Член е на МАНУ (1997). БИБ.: Просек – Демир Капија: Словенска некропола и словенске некрополе у Македонији, Београд-Скопје,1966; Епископијата на Брегалница, Прилеп, 1989; Лоца Санцторум Мацедониае: култот на мартирите во Македонија од Ⅳ до Ⅵ век, Скопје, 1995. Д. З.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *