АЛЕКСИЌ, Дејан

АЛЕКСИЌ, Дејан (Скопје, 21. Ⅵ 1914 – Белград, 2001) – правник, политички деец, новинар и публицист. Го завршил Правниот факултет во Белград, каде што активно учествувал во македонското студентско движење како член на Културно-просветното друштво „Вардар” и МАНАПО. Бил член на КПЈ (од 1939), главен и одговорен уредник на в. „Наша реч” (Скопје, 1939-1941) со текстови и на македонски јазик. Истовремено бил член на Градскиот одбор за Црвена помош (од крајот на 1939) и претседател на адвокатските приправници при Скопската адвокатска комора (од 21. Ⅲ 1941). Во времето на НОАВМ бил член на Месниот воен штаб на Кумановската организација на КПЈ (септември-октомври 1941). По разбивањето на кумановските партизански одреди (октомври 1941) се илегализирал во Скопје, но бил уапсен од бугарската полиција, предаден на Недиќевците и е спроведен во затворите Главњача и Ада Циганлија во Белград (до крајот на 1942). По Ослободувањето бил новинар на в. „Нова Македонија” (од крајот на 1944), вршител на должноста директор на Уредот за информации при Владата на НРМ (1948-1949) и на претставништвото на „Танјуг” во Скопје, а потоа уредник за надоворешна политика на Танјуг во Бел-град (од 1947). Пројавил богата публицистичка дејност. БИБ.: Како го издадовме весникот „Наша реч”, „Нова Македонија”, Ⅻ, 3654, Скопје, 2. Ⅷ 1956, 7; Три демонстрации во Скопје, „Нова Македонија”, ⅩⅤ, 4518, 12. Ⅱ 1959, 2; „Наша реч” 1939-1959, „Нова Македонија”, ⅩⅤ, 4530-4532, 26-28. Ⅱ 1959; МАНАПО, „Нова Македонија”, ⅩⅤ, 4580, 25. Ⅳ 1959, 4; Првата редакција во слободно Скопје, „Нова Македонија”, ЏЏВ, 8181, 29. Ⅹ 1969, 13; „Наша реч”‡ значаен фактор во историјата на прогресивниот печат во Македонија, „13 Ноември”, Ⅷ, 8, Скопје, 1969, 22; Мартовските настани во Скопје, Скопје во НОВ 1941, Скопје, 1973, 95-118; Подготовките за оружено востание во Куманово и Кумановско, Куманово и Кумановско во НОВ 1941-1942 година, Куманово, 1979, 576-601; Наша реч 1939-194. Од историјата на напредниот печат во Македонија, Скопје, 1980; Мартовските настани во Македонијасилни судири во борбата за основните права на македонскиот народ, „Беседа”, Ⅷ, 21-22, Куманово, 1981, 10-29; што и како пишувавме за стопанските проблеми на Тиквешијата во „Наша реч”, Тиквешијата во НОВ 1941-1945, кн. прва, Тиквешијата меѓу двете светски војни, Кавадарци-Неготино, 1983, 241-249; Страшо Пинџур – револуционер и комунист, Тиквешијата во НОВ 1941-1945, кн. седма, Страшо Пинџур народен херој, Кавадарци-Неготино, 1985, 35-56; Душко Поповиќ-Ѓоко, Скопје, 1985; 40-годишнина од формирањето на бригадата „Јане Сандански”, „Беседа”, ⅩⅪ, 33-34, Куманово, 1985, 64-68. ЛИТ.: Митре Инадески, Хронологија на Скопје. Работничкото и народноослободителното движење 1939-1945, книга втора, Скопје, 1974; Куманово и Кумановско во НОВ 1941-1942 година, (Материјали од Научниот собир одржан на 12, 13 и 14 декември 1978), Куманово, декември 1979. С. Мл. Ацо Алексов