АЛЕКСАНДРИДА

АЛЕКСАНДРИДА (Роман за Александар) – популарен средновековен роман за Александар Ⅲ Македонски. Настанува веднаш по смртта на Александар; му се припишува на Псевдо-Калистен, кој на фантастичен начин раскажува за животот и подвизите на Александар Македонски. Зачувани се подоцнешни верзии преведени од грчки на латински, ерменски, коптски и на сириски јазик. Направени се голем број верзии на разни јазици низ светот, а најстарата веројатно потекнува од Александрија (Ⅱ-И в. пр.н.е.). Македонска верзија на Александридата од втората половина на ⅩⅠⅩ в. се содржи во „Славјанско-маќедонската општа историја” од Ѓ. М. Пулевски. Во средновековната македонска книжевност, како и во другите словенски книжевности, важно место во жанрот на романите зазема романот познат во славистиката со насловот „Александрида“. Во средновековната схоластика прозвучуваат новите световни мотиви во прозното творештво, особено оние со историска тематика. Славниот македонски војсководец го добива првото место, зашто своевидно преработен наполно им одговарал на ритерските манири, карактеристични за средновековното феудално општество и дава примери за победите на Александар Велики (365-323 пр.н.е.). Во средновековниот роман провејуваат богати борбени настани и подвизи, помешани со фантастични вметнувања, со необични и неисториски додатоци, со цел да се привлече вниманието на читателот со необични содржини. Основата на романот е базирана врз историски и литературни извори, усни преданија и легенди, чии траги водат и до Ⅱ-И в. пр.н.е. Во јужнословенската средина преводот настанал кон крајот на Ⅹ в., според Псевдо-Калистеновата верзија, составена на грчки јазик. Романот се проширил и во старата руска литература, а најбројни преписи доживеал во средновековната српска литература, но се проширил и во цела Европа и Азија, сћ до скандинавските земји и на исток до Индија. ИЗВ. иЛИТ.: Квинт Курций Руф, История Александра Македонского. Сохрани-вшиеся книги, Москва, 1963, 9–15; Из наше књижевности феудалног доба. Избор, редакција, превод и коментари др Драгољуб ПавловиÊ, др Радмила МаринковиÊ, Београд, 1969, 129–133; Псеудо-Калестен, Живот и дјела Александра Македонског. Старогрчки роман о Александру према рукопису, И. Превод, предговор и коментар Др Здеслав Дукат, Нови Сад, 1980, 21–39; „сториџ Александра Великогъ цара македонскогъ, коя описуе негово роÚене, животъ и храбростъ безсмртну. Препе=атио по другœœ путљ на србскиј езÎкъ ŒорÚе ›ировиÊъ, ПироÊанацъ. У Београду, 1851; Приповетка о Александру Великом у старој српској књижевности. Критички текст и расправа од Стојана НоваковиÊа, Београд, 1878; Македонска Александрида. Подготовка и транслитерација Блаже Ристовски и Билјана Ристовска-Јосифовска, Скопје, 2005; Александар кралот на Македонците. Предговор д-р Симо Младеновски, Скопје, 1994; Билјана Ристовска-Јосифовска, Романот за Александар како извор за „Славјанско-маќедонската општа историја” од Ѓорѓија М. Пулевски, „Балцанославица”, 32-33, Прилеп-Скопје, 2003, 113-134; А. Костњхин, Александр Македонскиј в литературној и фолЃклорној традиции, Москва, 1972; Вера Стојчевска-Антиќ, Историја на македонската книжевност. Средновековна книжевност, Ⅱ, ИМЛ, Скопје, 1997. Б. Р.-Ј., А. шук. и В. С.-А. Александрискиот светилник (реконструкција)

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *