АЛБАНСКИ, Атанас Јакимов

АЛБАНСКИ, Атанас Јакимов (с. Горно Еловци, Гостиварско, 1880 – Софија, 30. Ⅹ 1943) – тетовски војвода, член на Скопскиот окружен револуционерен комитет. Го завршил Педагошкото училиште во Скопје, учителствувал во Тетово. Во Илинденското востание учествувал како војвода на чета во Тетовско и Гостиварско. Бил секретар на четата на војводата Ванчо Србаков (1904) и на војводата Иван Наумов-Алабакот (1907). Од 1928 до 1934 г. бил полномошник на ЦК на ВМРО во Петрич. ЛИТ.: Г. Попхристов, РеволÓционната борба в Битолски® окръг, Софи®, 1953; Х. Сил®нов, Освободителните борби на Македони®, ¶¶, 62, Софи®, 1983. Ал. Тр.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *