АЛАЏАЈКОВ, Лазар

АЛАЏАЈКОВ, Лазар (с. Смоквица, Гевгелиско, 17. Ⅲ 1918) – агроном, редовен проф. на Факултетот за земјоделски науки и храна во Скопје. Гимназија завршил во Крагуевац, Југославија (1937/ 1938). Дипломирал на Земјоделскиот факултет во Софија (1942). По дипломирањето работел како агроном во Берово и во Бујановац, а потоа во Земјоделскиот институт во Скопје, каде што е шеф на Отсекот за градинарство (1945-1954). Докторирал на Агрономскиот факултет во Загреб (1961) на тема: „Неке господарске особине рајчице (Л. Есцулентум Милл.)“. Избран е за доцент на Земјоделскиот факултет во Скопје (1954) и потоа за вонреден и редовен професор. Се пензионирал во 1982 г. Специјализации: во Институтот за зеленчукови култури во Пловдив, Бугарија (1948), во Холандија и во Англија (1958) и во Италија (1966). Бил ментор на повеќе домашни и странски докторанти и магистранти. Учествувал на повеќе научни симпозиуми во земјата и во странство. Има објавено бројни научни и стручни трудови од областа на градинарството. Д. Ј.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *