АКИМОВСКИ, Радован

АКИМОВСКИ, Радован (с. Богомила, Велешко, 25. Ⅴ 1922 – Скопје, 1992) – редовен професор на шумарскиот факултет во Скопје, специјалист за шумски транспортни средства. Дипломирал на шумарскиот факултет во Белград (1949), а потоа бил назначен за асистент на Земјоделскошумарскиот факултет во Скопје. Докторирал на Високата шумарска школа во Виена (1961). Публикувал бројни научни и стручни трудови. Извршувал повеќе општествени, научни и стручни функции (покрај другите, декан на шумарскиот факултет и проректор на Скопскиот универзитет). Ал. Анд.