АДОНИС, Али Ахмад Саид Есбер

АДОНИС, Али Ахмад Саид Есбер (Али Ахмад Саид Есбер Адонис) (Касабина, 1. Ⅰ 1930) – поет и есеист, роден е во Сирија, а подоцна станува либански државјанин. Тој е најголем современ арапски поет. Неговото творештво претставува сјајна лирска синтеза на Исток и Запад, едно ново литературно изразување и толкување. Во 1997 година го добил Златниот венец на СВП. БИБ.: Песни на Мијар Дамаскинецот, 1961; Книга на метаморфозите и селидбата во пределите на денот и ноќта, 1965; Театарот и огледалата, 1968; Време меѓу пеплиштата и розите, 1970; Еднина во форма на множина, 1977; Книга на опкружувањето, 1985; Похота што напира во мапите на материјата, 1987; Светлосни свечености, 1988; Втор алфабет, 1994. Автор е и на повеќе есеистички книги. ЛИТ.: Ѕвес Боннефоѕ, Виоланце ет паиџ, Институт ду монде арабе, Парис, 2000. П. Гил.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *