АДМИНИСТРАТИВНО-ТЕРИТОРИЈАЛНА ПОДЕЛБА НА МАКЕДОНИЈА ВО СРЕДНИОТ ВЕК

АДМИНИСТРАТИВНО-ТЕРИТОРИЈАЛНА ПОДЕЛБА НА МАКЕДОНИЈА ВО СРЕДНИОТ ВЕК. Во времето на византиската власт во Македонија постоеле теми како административни единици: Солун, Стримон, Нов Стримон, Драгувитија и Верија. Бугарската административна структура се состоела од комитати: Брегалнички, Деволски, Кутмичевица и др. Во времето на Самуила Македонија била поделена на повеќе помали или поголеми воено-административни области: Струмичка, Мегленска, Воденска, Колидрон, Сервија и др. Мошне значајни промени во статусот на македонските територии се случиле во втората половина од Ⅹ в., кога синовите на комитот Никола, комитопулите Давид, Мојсеј, Арон и Самуил, како поранешни претставници на бугарскиот воено-административен апарат, формирале посебна и наполно независна државна формација, што е позната како Самуилово Царство (прва претстолнина Преспа, потоа Охрид). Јадрото на новата држава во голем дел се совпаѓало со териториите од поранешниот Деволски комитат. Кон пространите матични македонски територии, без Солун, Самуил (976-1014), со освојувања, кон својата држава ги вклучил следниве територии: Тесалија, Епир, Албанија, Дукља, Далмација, Босна, Рашка и поголем дел од денешната Бугарија. Територијата на Македонија и пошироко веројатно била поделена на повеќе помали или поголеми воено-административни области, а секоја од нив за свој центар имала некој поголем и добро утврден град. На чело на секоја област се наоѓал управник (најчесто во византиските извори именуван како архонт), под чија непосредна власт се наоѓале и околните тврдини. По 1018 г., кога било уништено Самуиловото Царство, Македонија била одново вклучена во византискиот тематски воено-администра-Солунска, Струмичка, Берска, Костурска, Мегленска, Пелагониска, Охридска, Вардарска, Скопска и др. Во периодот кога во Византија владеела династијата на Палеолозите, најраспространета административна единица е катепанатот. Од втората пол. на ⅩⅠⅠⅠ в. познати се следниве катепанати: Каламарија, Ермилија, Јерис, Касандрија, Апрос, Стримон, Рендина, Стефанијана, Завалтија, Пополија, Зихна, Сер, Лангада, Вардар, Христопол, Валавиште и веројатно Меглен, Мелник, Верија, Сланица, Анаклусирон и Пелагонија. Како дел од централизираната Душанова држава, Македонија била разделена на повеќе области, а од нив некои биле именувани како жу-пи. По смртта на Душан биле формирани неколку независни феудални области со висок суверенитет. ЛИТ.: Бранко Панов, Македонска средновековна држава, Скопје, 1999. Т. Фил.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *