АДМИНИСТРАТИВНО-ТЕРИТОРИЈАЛНА ПОДЕЛБА НА ДФМ,НРМ,СРМ,РМ

АДМИНИСТРАТИВНО-ТЕРИТОРИЈАЛНА ПОДЕЛБА НА ДФМ,НРМ,СРМ,РМ. – Државната територија на ДФМ по Втората светска војна беше поделена на народни одбори, околии и општини, како облици на локална управа и самоуправа. Со Општиот закон за народните одбори од 1946 г. овие одбори беа определени како локални органи на државната власт на своето подрачје. Со овој закон беа воведени три степени на локалните органи на народната власт: месни, околиски и окружни народни одбори. Околијата и општината, како локални територијални единици, првпат беа воведени со Законот за поделба на НРМ на околии, градски општини и опво гимназијата и началник на ОдАдминистративно-територијална поделба на Република Македонија штини од 1952 г. Во истата година НРМ беше поделена на 18 околии, 27 градски општини и 205 општини. Според Законот за подрачјата на околиите и општините од 1955 г., во НРМ имаше 7 околии и 73 општини. Во текот на 1962 г. бро-јот на општините беше намален на 61. Околиите беа укинати во 1966 г. Во текот на 1982 г. настана нова поделба, па во СРМ имаше 34 општини, со просечна големи2 на од 756 км , со по 52 населени места и по 54.000 жители. Со Законот за територијална поделба на РМ и определувањето на подрачјата на единиците на локалната самоуправа од 1996 г. беа воведени 123 општини. Со Законот за територијална организација на локалната самоуправа во РМ од 2004 г. беа воведени 84 општини. Општините Вранештица, Другово и Осломеј остануваат и натаму посебни општини до локалните избори во 2009 година. Независно од изборните резултати, овие општини, по сила на Законот, требаше во 2008 г. да се приклучат кон Општината Кичево.ЛИТ.: Гордана Силјановска-Давкова и Владимир Митков, Локална самоуправа, Скопје, 2000; Светомир шкариќ, Уставно право, Скопје, 2006. Св. ш.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *