АГРАРЕН МАКСИМУМ ВО ДФМ,НРМ,СРМ

АГРАРЕН МАКСИМУМ ВО ДФМ,НРМ,СРМ. – воведен со Законот за аграрна реформа и колонизација од 23. Ⅷ 1945 г. Врз основа на овој закон, земјишниот посед на земјоделските семејства беше ограничен од 20 до 35 ха, а на црквата до 10 ха обработливо земјиште. За неземјоделците земјишниот максимум изнесуваше три ха. Со Законот за земјишниот фонд од 1953 г. земјишниот максимум беше определен на 10 ха обработливо земјиште за едно земјоделско семејство. Земјишниот максимум беше укинат со уставните амандмани од 1988 г., би-дејќи го сметаа за пречка во развојот на приватната сопственост во областа на земјоделството. ЛИТ.: Светомир шкариќ, Уставно право, книга прва, Скопје, 1991. Св. ш.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *