АГОВСКИ, Иван Серафимов

АГОВСКИ, Иван Серафимов (Дебар, 24. Ⅵ 1887 – Софија, прва половина на 1925) – револуционер, просветен деец и публицист. Основно училиште завршил во родниот град. Поради членство во социјалистички кружок, бил исклучен од Педагошкото училиште во Скопје (1905). По завршувањето на вишото образование, учителствувал во Кичево и учествувал во тамошниот учителски бунт (1908). Бил активист на Скопската социјалдемократска група (1910-1911). Подоцна се вклучил во комунистичкото движење и станал соработник на в. „Социјалистичка зора” (Скопје, 1919-1921). Со група истомисленици ја подржувал Ⅲ комунистичка интернационала. Како емигрант и публицист во Софија (1921-1925) почнал да го издава в. „Съветска Македония” (8. Ⅲ 1923) и се залагал за македонските национални права, поради што бил уапсен и убиен. ЛИТ.: Бане Чадиковски, Прилог кон биографијата и дејноста на македонскиот социјалист, револуционер и публицист Иван Серафимов Аговски, „Гласник” на ИНИ, XI, 1, Скопје, 1967, 77-116; Данчо Зографски, Концепции, програми и проекти за државно конституирање на Македонија, Зб. АСНОМ. Педесет години македонска држава 1944-1994. Прилози од научниот собир одржан на 17-18 ноември 1994, МАНУ, Скопје, 1995, 48. С. Мл.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *