АВТОПАТ

АВТОПАТ – највисока сообраќајна класа на јавни патишта, со два раздвоени коловоза, градени за брзини од 80 до 120 км/час. Првата делница што е реконструирана и изградена како автопат е Куманово – Миладиновци, со 21,8 км (1978). Комплетно нов автопат е изграден на делницата Велес – Мотел Македонија (коридор 10), со должина од 600 км (1985). Вкупно изграден автопат има 196,80 км, а во тек е изградбата на уште 45 км (в. патна мрежа). ИЗВ.: Документација на Фондот за магистрални и регионални патишта, Скопје. Р. Д.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *