АВСТРИСКО МАКЕДОНСКИ АВСТРОУНГАРСКО И МАКЕДОНСКИ ВРСКИ И ОДНОСИ

АВСТРИСКО МАКЕДОНСКИ АВСТРОУНГАРСКО И МАКЕДОНСКИ ВРСКИ И ОДНОСИ . – политички, стопански и културни врски и односи низ минатото. Пред крајот на ⅩⅤⅠ в. архиепископите на Охридската архиепископија воспоставиле политички врски со Австрија за да ја придобијат за ослободување на христијаните од власта на Османлиската Империја. Со таква мисија во Австрија патувал архиепископот Гаврил (1586), а и архиепископот Атанасиј Ⅰ (1598/1599). Пред крајот на ⅩⅤⅠⅠ в. (есента 1689), кога австриската војска навлегла во северниот дел од Македонија, на страната на австриската војска се бореле околу 3.500 до 4.000 македонски востаници предводени од Карпош. Императорот Леополд Ⅰ издал акт (ИВ 1690) за покровителство и за заштита на македонскиот народ. Преселниците од Македонија во Австрија од ⅩⅤⅠⅠ и понатаму континуирано одржувале трговски и културни врски. Во Австрија живеел и творел првиот македонски хералдичар, голем уметник и преродбеник Христофор Жефарович, кој ја создал Стематографијата со македонскиот земски грб во Виена (1741). На Берлинскиот конгрес (1878) Австро-Унгарија била против создавање македонска држава, како во времето така и по Илинденското востание. Таа со Русија (1903) подготвила програма за реформи во Македонија и го контролирала Скопскиот вилает (до 1908). Во времето на Балканските војни зазела неутрален став и ја признала окупацијата и поделбата на Македонија меѓу Грција, Србија и Бугарија. Во Првата светска војна на Балканот Бугарија била поддржана да го окупира и да го анектира поголемиот дел од Македонија. Во периодот меѓу двете светски војни Виена била надворешен центар на македонското ослободително движење; таму (1925) била основана ВМРО (Об.).ЛИТ.: Милка Здравева, Македонско-австриски врски од последните децении на ⅩⅤⅠⅠ до првите децении на ⅩⅩ век, Скопје, 2002; Михајло Миноски, Политиката на Австро-Унгарија спрема Македонија и македонското прашање 1878-1903, Скопје, 1982; Австриски документи за реформската акција во Македонија, 19031909, Скопје, 2002. М. Мин. * Во Солун (од 1768) постои австриски вицеконзулат (во 1830 г. се спомнува како ефективен конзулат, а од 1846 г. како конзулат), во Битола (од 1851), а конзуларни агентства има во Серес, Кавала и Волос. Последен се отвора конзулатот во Скопје. Австрија ја признава РМ на 5. Ⅴ 1993 г. Дипломат-ски односи се воспоставуваат на 23. Ⅻ 1994 г. Прв вонреден и ополномоштен амбасадор на Австрија во РМ е Курт Спалингер (Курт Спалингер). Прв вонреден и ополномоштен амбасадор на РМ во РА е Огнен Малески. ИЗВ.: Австриски документи за историјата на македонскиот народ, т. 1, 1905–1906, 1907–1908, Скопје, 1977, 81. ЛИТ.: Ѓорѓи Стојчевски, Реформите на Австро-Унгарија во Скопскиот санџак и во некои делови на вилаетот Скопје од 1903-1904 година, Зб. Европа и македонското прашање. Материјали од научниот симпозиум, Делчево, 29, 30 септември и 1 октомври 1994 година, Делчево, 1995; Ахил Тунте, Република Македонија – прва декада (1990-1999), Скопје, 2005. Т. Петр.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *