АВРАМОВ, Стефан

АВРАМОВ, Стефан (Чирпан, Бугарија, 1884 – Софија, 28. IX 1953) – публицист, историчар и активист на македонското револуционерно движење. Завршил гимназија и учителствувал во Охрид и Битола (1903–1907). Од 1902 г. се вклучил во ТМОРО. Учествувал во борбите со српската пропаганда во Азот (Велешко) и во Порече. По Првата светска војна бил активен во Илинденската организација, подоцна и нејзин претседател (1944–1947). Автор е на трудови за револуционерното движење во Македонија. ЛИТ.: Алманах на българските национални движения след 1878, София, 2005. З. Тод.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *