АВРАМОВ, Васил

АВРАМОВ, Васил (с. Осој, Дебарско, 1812 – 1903) – градител и резбар од родот Филиповци од с. Осој. Тој е син на Аврам Дичов, кој соработувал со Петре Филипович Гарката и со Димитар Станишев во изведбата на иконостасите во Бигорскиот манастир и во Скопје. Нема попрецизни податоци за неговата дејност. ЛИТ.: А. Василиев, Български възрожденски майстори, София, 1965, 247. В. П.-К.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *