АВРАМОВА, Борка

АВРАМОВА, Борка (Тетово, 9. Ⅹ 1924 – Загреб, 25. Ⅲ 1993) – скулпторка. Дипломирала на Академијата за ликовна уметност во Загреб (1953). До 1960 г. дејствувала во Скопје, каде што во 1954 г. имала самостојна изложба, прва на македонски скулптор. Изложила портрети со етнографски обележја, но со модерна форма и без класични анатомски пропорции (шиптар, 1954). М. Б.-П.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *