АВИЈАЦИЈА ВО ЗЕМЈОДЕЛСТВОТО

АВИЈАЦИЈА ВО ЗЕМЈОДЕЛСТВОТО – Кај нас зачетоците датираат од 1962 г., кога се користеле два авиона од марката „Чмелак”, сопственост на РО „Агрохемизација” – Скопје. Приватната авиокомпанија „БОНИЕР” формирана како друштво за авиоуслуги (1996). Во текот на 2004 компанијата располагала со 13 авиони од типот АН-2 и со свој аеродром во Свети Николе. Одреден број авиони работат на странски пазари (Бугарија и Србија на Балканот; Судан и Алжир во Африка). Основни дејности во областа на земјоделското производство се: сеење на жита од авион, основно ѓубрење и прихранување со вештачки ѓубрива, прскање на земјоделските култури со инсектициди, хербициди и за фолијарна исхрана; во областа на шумарството: прскање на шумските површини против штетници, гаснење на шумски пожари, модификација на времето: предизвикување вештачки дожд, градобијна заштита, растерување облаци и магла. Др. Ѓош.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *