АБДУЛИ, Рамиз М

АБДУЛИ, Рамиз М. (Рамиз М. Абдѕли) (с. Лојане, Кумановско, 1. Ⅱ 1944) – историчар, редовен професор на Државниот универзитет во Тетово. Основно училиште завршил во родното село, Учителска школа во Скопје и дипломирал на Филозофскиот факултет (Група историја) во Скопје (1969). Магистрирал на тема „Прешево во НОБ 1941-1945” (1977), а докторирал за „Положбата на работничката класа на Косово меѓу двете светски војни (1919-1941)” (1982) на Филозофскиот факултет во Приштина. До докторирањето бил учител, наставник, професор и новинар во Куманово и во Скопје, а потоа научен и виш научен соработник во Институтот за историја на Косово во Приштина (1978-1991), виш научен соработник и научен советник Рамиз Абдули (1999) во Одделението за периодот меѓу двете светски војни на Институтот за национална историја во Скопје (1. Ⅱ 1994 – 2006). Извесно време беше ректор на нерегистрираниот албански универзитет во Мала Речица. БИБ.: Бајрам Схабани, „Флака е Вëллазëримит”, Схкуп, 1976; Гједја дхе позита е класес пунëторе нÒ Косовë (1918-1941), Институти и Хисторисë, Присхтинë 1988; Зеф Лусх Марку, „Рилиндја”, Присхтинë, 1988; Албанското ослободително движење 1908-1912, ИНИ, Скопје, 2003; Лëвизја Комбëтаре Схгиптаре 1911-1912, Институти и Хисторисë, Присхтинë, 2004. ЛИТ.: 50 години Институт за национална историја 1948-1998, Скопје, 1998, 130131. С. Мл.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *