АБДУЛАХ, Авни

АБДУЛАХ, Авни (Авни Абдуллах) (Урошевац, 1948) – раскажувач, есеист, преведувач (од турски). Дипломирал на Педагошката академија во Скопје. Новинар во Редакцијата „Бирлик” при НИП „Нова Македонија” во Скопје, бил лектор, новинар и кратко време уредник на сп. „Сеслер”. Литературните трудови му се објавени во весникот „Бирлик” и „Тан”, во детските списанија „Томурџук”, „Севинч”, „Куш”, „Сеслер” и „Чеврен”. Автор е на збирките раскази „Патот кон војната” (1976), „Мајчино срце” (1977), „Тој е најубав ден” (1986) и „Ноќ со месечина” (1992). Член е на ДПМ од 1988 г. А. Аго

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *