АБДЕРМАНОВ, Коста

АБДЕРМАНОВ, Коста (с. Пателе, Леринско, Егејскиот дел на Македонија, 15. Х 1927) – академски вајар. Завршил Академија за ликовни уметности во Белград (1954). Член е на ДЛУМ. Излагал на повеќе групни и ревијални изложби. Автор е на неколку бисти на народни херои и првоборци и коавтор на Споменикот на паднатите борци во с. Богомила. С. Мл.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *