ГРУПЧЕ, Ристо

ГРУПЧЕ, Ристо (Охрид, 30. XI 1921 – Скопје, 31. Ⅶ 1994) – град. инж., ред. проф. на Градежниот факултет во Скопје (1974 г. до пензионирањето во 1987) по предмети од водоснабдувањето, канализацијата и санитарната хидротехника. Дипломирал во Белград (1950), работел во „Хидроелектропроект” и во ГП „Маврово”, а од 1954 г. на Универзитетот. Во 1972 г. како експерт на ООН престојувал во Перу, каде што учествувал во обновата на градот Чимбота, настрадан во земјотрес. Љ. Т.