ГОШЕВ, Петар Вангелов

ГОШЕВ, Петар Вангелов (с. Пирава, Валандовско, 9. Ⅴ 1948) – политичар, последен претседател на ЦК СКМ и прв претседател на преобразениот СКМ-ПДП (денес СДСМ), основач и прв претседател на Демократската партија. Дипломирал (1971) и магистрирал од областа на економските науки (1983) на Економскиот факултет во Скопје. Бил член на СКМ (од 1971). Се наоѓал на разни работни места и должности: самостоен референт во Комерцијалниот сектор во фабриката за автобуси ФАС „11 Октомври” (1971-1972), стручно-политички соработник во Републичкиот одбор на Синдикатот на работниците од индустријата и рударството на СРМ (1972-1976), советник и шеф на Кабинетот на претседателот на Советот на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ, 1976-1980), член на Советот на ССМ и претседател на Комисијата за стопански развој и тековна политика (1980-1982), член на Претседателството на Советот на ССМ (1982-1986), член на Претседателството на ЦК на СКМ (од 10. В 1986) и др. Истовремено бил делегат во Одборот за општествено-економски развој на Соборот на здружен труд на Собранието на СРМ, член и претседател на Претседателството на Југословенскиот сојуз за квалитет и стандардизација, член и претседател на Републичкиот општествен со-вет за стопански развој и економска политика, претседател на Републичката заедница за работите на цените, член на Друштвото на економистите на Македонија, претседател на Комисијата на ЦК на СКМ за развој на социјалистичките самоуправи општествено-економски односи, член на Работната група за прашања од областа на општествено-економското уредување на Комисијата за уставни прашања на Собранието на СРМ, претседател на Универзитетскиот совет на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј”, член на Секретаријатот на Секцијата на РК на ССРНМ за развој на самоуправните општествено-економски односи, претседател на Одборот на фондот за научно-истражувачка и издавачко-публицистичка дејност на СКМ, член на Комисијата за станбени прашања на Извршниот со-вет на Собранието на СРМ, член на Комисијата на Сојузниот извршен совет за реформа на стопанскиот систем и член на Комисијата на ЦК на СКЈ за општественоекономски односи, економски и технолошки развој и др. Како претседател на ЦК на СКМ, избран на последниот конгрес на до-тогаш единствената политичка партија во Македонија – Сојузот на комунистите на Македонија (25-27. XI 1989), дал значаен придонес во нејзината демократизација, изградувањето на самостојна позиција во односот со СКЈ и преобразбата во Партија за демократски просперитет (СКМПДП). Бил пратеник во првото плуралистичко Собрание на Република Македонија, основач на Демократската партија и нејзин претседател, а потоа и претседател на Либерално-демократската партија. Бил пратеник и во третото свикување на Собранието на Република Македонија. Сега е гувернер на Народната банка на РМ. С. Мл. ГОшЕВ, Стефан (с. Долни Котори, Леринско, 1859 – Софија, 11. Ⅴ 1932) – лерински реонски началник и војвода. Рано влегол во редовите на МРО. Во Илинденското востание учествувал како реонски раководител и војвода на востаниците од родното село. Бил доброволец (ополченец) во Српско-турската (1876) и во Рускотурската војна (1877/1878). Во Српско-бугарската војна (1885) учествувал на страната на бугарската војска. По враќањето во родното село бил ангажиран околу изградбата на месното училиште и на селската црква. ЛИТ.: В. „Македония“, Софиџ, 1932, бр. 1640 и 1642. Ал. Тр.