ГЛОДАРИ

ГЛОДАРИ (Родентиа) – најприспособен и најуспешен ред од класата цицачи (Маммалиа) со 1.700 вида распространети низ целиот свет, со исклучок на Антарктикот, Нов Зеланд и некои тихоокеански острови. Повеќето видови живеат на земја, но некои се приспособиле за движење со долги скокови, други за живот под земја, во вода или на дрвја. Поголемиот број глодари се друштвени животни што живеат во заедници. Заеднички обележја им се мало тело, квадрипедија, долга опашка, стапало со канџи, долги заби и вилици приспособени за глодање. Систематската поделба на глодарите е направена врз основа на диференцираноста на мускулот за џвакање и со него поврзаната структура на черепот. Македонија ја населуваат четири фамилии глодари, со вкупно 26 вида, и тоа: верверички (Сциуридае) – два вида, глувци, стаорци, полјанки и слепи кучиња ( Муридае) – 20 вида, полвови (Мѕоџидае) – три вида и нутрии (Мѕоцасторидае) – еден вид. ЛИТ.: С. Петковски –Б. Крѕстуфек, Цицачи на Македонија, Скопје, 1998; А. Ј. Митцхелл-Јонес, Г. Амори, Њ. Богдановицз, Б. Крѕстуфек, П.Ј.Х. Реијндерс, Ф. Спитзенбергер, М. Стуббе, Ј.Б.М. Тхиссен, В.Вохралик, Ј. Зима, Тхе Атлас оф Еуропеан Маммалс, Лондон–Сан Диего, 1999. Св. П. – В. Сид.