ГАЈ МАКЕДОНЕЦ, апостол, св

ГАЈ МАКЕДОНЕЦ, апостол, св. (Солун, втора пол. на Ⅰ в.) – втор Епископ Солунски, по Аристарх, посведочени во Библијата придружници на апостолот Павле (Дела 19, 29), како и други Македонци, како Сосипатор Пиров од Бер (Дела 20, 4), Секунд од Солун (Дела 20, 14). ЛИТ.: Ратомир Грозданоски, Послание на светиот апостол Павле до Римјаните, Скопје, 2005; Свето писмо на Стариот и на Новиот завет, Лондон, 1990; Ѓорѓи Поп-Атанасов, Библијата за Македонија и Македонците, Скопје, 1995. Рат. Гр. Гајдаџии