ГАПКОВСКИ, Наум

ГАПКОВСКИ, Наум (с. В’мбел, Костурско, 1. Ⅲ 1941) – инж. геол., ред. проф. на Градежниот факултет во Скопје (1990) по инженерска геологија и механика на карпи. По емиграцијата од Грција (1948), живеел и се школувал во Чешка и во Полска, а од 1956 г. во Југославија. Завршил Рударскогеолошки факултет во Белград, по што, до доаѓањето во Скопје (1968), работел во „Геосонд” (Белград). Има богат применувачки опус, особено кај хидротехнички објекти, патишта, тунели и индустриски објекти. Љ. Т.