ГАВРИЛОСКИ-ЈАНЕ, Кирил

ГАВРИЛОСКИ-ЈАНЕ, Кирил (Киро) (Прилеп, 22. Ⅱ 1918 – Прилеп, 9. Ⅴ 1944) – комунистички деец и народен херој на НОАВМ. Како младинец учествувал во повеќе демонстрации и штрајкови Кирил Гаврилоски во Прилеп. Како член на КПЈ (1941) активно работел во подготовките на НОАВМ, станал член на МК на КПЈ во Прилеп (од почетокот на 1942), а потоа заминал во партизански одред (кон крајот на 1942). Во тоа меѓувреме шестпати бил апсен од бугарските власти. Наредната година бил избран и за член на Вториот областен комитет на КПМ во Битола (есента 1943). Загинал при блокада на куќата во која се наоѓал, заедно со народниот херој од НОАВМ Круме Волнароски. По подолг отпор против стотина бугарски војници и полицајци, кои ја запалиле куќата во која биле блокирани, за да не падне жив во непријателски раце, се самоубил. Прогласен е за народен херој на Југославија (11. Ⅹ 1951). ЛИТ.: Милан Ристески, Народен херој Ки-ре Гаврилоски-Јане, Прилеп, 1968; Коце Солунски, Гавриловски Алексо Киро-Јане (1918-1944), Народни херои од Македонија, НИК „Наша книга”, Скопје, 1973, 90-95; Димитар Димески, Подвигот на Кире Гаврилоски-Јане и Круме Волнароски-Коле 1944 година, „Годишен зборник на Филозофскиот факултет”, кн. 10, Скопје, 1983, 33-64; Загорка Гаврилоска, Активноста на Кире Гаврилоски-Јане и Круме Волнароски-Коле и нивното загинување, Прилеп и Прилепско во НОВ 1944 – 15 мај 1945 година, кн. Ⅱ, Скопје, 1985, 405-410; К(оста) Поповски, Живи факели за слободата, Загинувањето на народните херои Кире Гавриловски-Јане и Круме Волнароски-Коле, „Вечер”, ЏЏЏВИ, 7707, Скопје, 9. Ⅴ 1988, 6. С. Мл.