ВНАТРЕШНАТА МИГРАЦИЈА ВО МАКЕДОНИЈА

ВНАТРЕШНАТА МИГРАЦИЈА ВО МАКЕДОНИЈА -. движење на населението од еден локалитет (населба, општина, регион) кон друг, со намера да се промени постојното место на живеење од најразлични причини. Пред и по Втората светска војна, внатрешната миграција во Македонија бележи интензивна територијална подвижност на населението под влијание на процесот на деаграризација и поради развитокот на неземјоделските дејности. Карактеристични се трајните преселувања од село в село, од село в град и од една во друга општина поради непогодните услови за обработка на земјата, за живеење и за вработување. При преселувањето на населението доминирале преселбите од село в град, поретко од градови во села. Најголема миграција село – град се забележува во меѓупописниот период 1961-1971 г., кога соодветно на тоа се зголемува механичкиот прилив во градовите во РМ. Во периодот 1971-1981 г. преселбите се смируваат и се намалуваат, додека во меѓупописниот период 1981-1994 г. тие добиваат различен изглед, бележат значително помало позитивно миграционо салдо во градовите, а речиси еднаква негативна миграција во селските населби, како и во претходниот период. Оваа појава се објаснува со големиот одлив на селското население во странство. ЛИТ.: Александар ќурчиев, Трајните миграции на населението во СР Македонија, Скопје, 1985. Ам. Ј. В’НДЕВ, Георги (с. Лесково, Гуменџиско, 1896 – ?) – војвода на ВМРО во Струмичко, син на В’ндо војвода-Стариот (1858-1917), војвода на ТМОРО/ВМОРО. На 16годишна возраст стапил во четата на војводата штерју Јунака (1912), а потоа како секретар во четата на татка си. По Првата светска војна бил околиски војвода на автономистичката ВМРО во Струмичко. Уапсен од грчките власти, бил осуден на смрт (1923), но по извесен престој во солунскиот затвор, казната не била извршена. Подоцна, под влијание на михајловистичката ВМРО, како војвода на чета вршел тероризирање на струмичкото население. С. Мл.