ВЕНЕЦ

ВЕНЕЦ – невестински украс за на глава, изработен од цвеќе, лоза, здравец, босилек, бршлен, шимшир или од некое друго зимзелено растение. Се одликувал со магиска заштитна функција. Во некои македонски пределски целини (Скопска Црна Гора, Бојмија и др.) се одликува со посложена структура, украсен со метален накит (тепелак, тепелачиња и пиришани) врз основа направена од кора од црешово дрво во форма на цилиндар и покриен со бела марама со реси, така што има форма на капа. Сл. Т.