БРВЕНИЦА

БРВЕНИЦА – село во Тетовско. Се наоѓа во средишниот дел на Полошката Котлина, на надморска височина од околу 436 м. Со регионален пат е поврзано со Тетово. Има 2.918 ж. од кои 2.834 се Македонци и 68 Срби. Населението се занимава со одгледување житни и градинарски култури и овоштарство, посебно со производство на јаболка. Тоа е седиште на општина која зафаќа површина од 16.430 ха, има 10 населени места со 15.855 ж. Во Б. постои осумгодишно училиште. Ал. Ст.