БОЕВ, Ѓорѓи

БОЕВ, Ѓорѓи (Охрид, 18. Ⅵ – 1935) – унив. професор. Дипломирал на Високата школа за физичка култура во Белград (1961). Магистрирал на Медицинскиот факултет во Скопје (1981), на тема: „Компаративна анализа на некои антропометриски и моторички димензии кај учениците од средношколска возраст (16–17 години) што се занимаваат и кај учениците што не се занимаваат со спорт-ска гимнастика во Охрид”. Докторирал на Факултетот за физичка култура во Скопје (1990), на тема „Влијанието на различни структурни програми по спортска гимнастика врз некои варијабли на антрополошкиот статус кај учениците од 17 години”. Работел во Средното фискултурно училиште (1962–1965), во Вишата школа за физичка култура (1965– 1978), предавач и редовен професор по гимнастика на Факултетот за физичка култура во Скопје (1978–1999), декан (1997–1999) и министер за млади и спорт (1999– 2001). Д. С.