БОГДАНОВ, Момчило

БОГДАНОВ, Момчило (Крива Паланка, 15. Ⅱ 1932) – дипл. ел. инж., д-р на технички науки, ред. проф., продекан на ЕТФ во Скопје. Раководител на Катедрата за теоретска електротехника и на Институтот за електроника и сметачкиот центар. Работел на универзитетот во Белград (Србија), Монс (Белгија) и Оран (Алжир). Тој е автор/коавтор на трудови од примената на банки на филтри и вејвлети, а најзначајни му се трудовите од областа на синтезата на активните филтри. Книги: „Дигитално процесирање на сигнали” (универзитетски учебник, коавтор Софија Богданов), „Теорија на електричните кола Ⅰ и Ⅱ ”. ЛИТ.: „Билтен на Универзитетот Св. Кирил и МетодијСкопје”, бр. 520, мај 1989. Др. Р. Петре БогдановКочко