БИШЕВ, Глигор Павлов

БИШЕВ, Глигор Павлов (Струмица, 5. Ⅳ 1958) – економист, банкар и унив. професор. Економски факултет (1976–1980) и постдпломски студии (монетарно-кредитна теорија и политика) завршил во Скопје (1980&1982) со магистерскиот труд „Понудата на пари во современата монетарна теорија” Глигор Бишев (1985) и ја одбранил докторската дисертација „Понудата и побарувачката на пари – случајот на Југославија” (1991). Гостин-истражувач бил на Виенскиот институт за споредбени економски студии (1997) и на Лондонската школа за економија и политички студии (1995), а посетувал и курсеви во Центарот за централно-банкарски студии во Банката на Англија, во Институтот на ММФ во Вашингтон и Виена, во Банката на Франција, во Националната банка на Австрија и во Националната банка на Грција. Работел како економист во Народната банка на Македонија (од 1984), генерален директор (1993), вицегувернер (1994) и заменик гувернер на НБМ (1997–2000), а потоа станува прв генерален директор на Стопанската банка АД – Скопје. Истовремено е вонреден професор на Економскиот факултет во Прилеп (банкарски менаџмент и меѓунродни финансии, како и на постдипломските студии), професор на Постдипломските студии на Економскиот факултет во Скопје (монетарен систем и политика, како и меѓународни финансии и финансисики системи и банкарство) и предавач на курсевите на Комисијата за хартии од вредност. Објавил две книги и над 200 разни прилози во научни и стручни публикации во земјата и во странство. Р.