БИТКАТА КАЈ РАВЕН

БИТКАТА КАЈ РАВЕН (16. Ⅴ 1944) – Разлошкиот партизански одред „Никола Парапунов“ предводен од заменикот политички комесар на Одредот Георги Топалов бил откриен и опкружен од голем број полициски и жандармериски сили. Во борбата загинале Г. Топалов и 3 борци, 2 биле ранети и заробени и потоа обесени во с. Белица, а 1 во с. Долно Драглиште, додека други 2 заробени биле заклани. Во битката загинале 9 борци. ЛИТ.: Георги Т. Мадолев, Въоръжената борба в Пиринския край 1941–1944, София, 1966; Бояот на „Равен”. Белица крепост на комунизма в Пиринския край, Сборник од статии, спомени и очерци, София, 1967. В. Јот.