БИЛАЗОРА

БИЛАЗОРА . (с. Кнежје, Светиниколско) – античка населба на доминантен рид со зарамнето плато (оштетено од ерозија) и моќни одбранбени бедеми, на 3 км западно од патот Свети Николе – с. Кнежје, на лок. Градиште. Заедно со подградието зафаќа површина од 20 ха. Сполии вградени во селските куќи и во црквата. Во истражувањата (1986) е откриена црнофирнајсирана античка и локална сива керамика од Ⅳ в. пр.н.е. Во 1994 г. е откриена цистерна за вода. Билазора (Вилазора) е најголем град во Пајонија кај ден. гр. Велес, утврден од Филип Ⅴ (221– 179 ст.е.) за да ја заштити северната македонска граница. Градот последен пат се спомнува во 168 г. од ст.е. во времето на македонскиот крал Персеј. Во оваа област се пронајдени голем број епиграфски натписи на грчки јазик. ЛИТ.: И. Микулчиќ, Убикација на Билазора, „ГЗФФ“, 28-2, Скопје, 1976, 149&165; Г. Микулчиќ, Градиšте/Кнежје, пајонски град Билазора, „Археолоšки преглед“, 27, Лјублјана, 1997, 779–80; С. Данев, Ископувања во Кнежје 1994, „Мацед. ацта арцхаеол.“, 14, Скопје, 1996, 57-65; Е. Петрова, Пајонија, Скопје, 1999. Д. З. – А. шук. Салаетин Билал